Бугарскиот аналитичар Владимиров за Топ Тема: Ветото не е смислено во Софија, тоа е акција на руските специјални служби

Основата на сите случувања во бугарската политика во последните денови е разговорот за енергијата, изјави аналитичарот Владимир Владимиров за вечерашната Топ Тема. Според него, владата на Петков е првата влада во Бугарија која обезбедила енергетска независност на Бугарија од Русија или Советскиот сојуз во последните 70, 80 години.

„Русија има огромно влијание на бугарската политика од крајот на втората светска војна па се до денес и тоа мислам за луѓето што ја следат нашата политика , не е ниту чудно ниту туѓо. Партијата на Слави Трифунов или таа што постоеше до денес, бидејќи денеска мислам дека ќе биде крајот на овој политички проект, од самиот почеток на влегувањето во бугарската влада, таа имаше неколку услови. Најбитно е да кажеме кои министерства и сектори тие ги сакаа за влез во владата. Тоа беа министерството за регионален развој, потоа за надворешни работи и за енергетика. Трите клучни министерства. За надворешни работи заради Македонија а во другите две се концентрирани огромни суми на пари од бугарските даночни обврзници и од Европската Унија. Учеството во владата на Трифунов не беше случајно“  – вели Владимиров.

Тој оцени и дека во Бугарија има судир меѓу граѓаните што ја сакаат Европска Бугарија и некои други структури, па би рекол и мафијата во Бугарија, која е 100 проценти создадена и поврзана со Русија уште во 90-тите години.

Бугарија е на клучен миг од својот развој, изјави Владимиров.

„Има неколку клучни теми. Едната е со кревањето на ветото за Македонија и почнување на преговорите и одблокирање на европските процеси во целиот Западен Балкан. Втора работа е енергетската независност на Бугарија а преку Бугарија вие добро знаете дека ние сме поврзани со сите соседи со гасни цевки. Преку енергетската независност на Бугарија, сите соседи може да добијат алтернативни извори на енергија“ – изјави Владимиров.

Според него, бугарското вето за Македонија од самиот почеток не е замислено и креирано во Софија.

„Јас мислам дека ветото, самата акција вето е акција на руските специјални служби и е класичен пример за хибридна акција кон НАТО и ЕУ. Сите можни клучни играчи во Бугарија се вклучени во оваа работа. Прво да ја немаме владата што ја имаме и втора работа да се запре европскиот развој на Бугарија и на целиот Западен Балкан. Не можам да кажам дали до крајот на француското претседателство со Унијата“ – изјави Владимиров.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...