Home Македонија Бугарската православна црква влегува во канонска и евхаристиска заедница со МПЦ-ОА

Бугарската православна црква влегува во канонска и евхаристиска заедница со МПЦ-ОА

82
0

Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука во врска со канонскиот статус и укинувањето на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија.

„Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија Бог и духовна радост добредојдени одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија допрва ќе се разгледува, се наваедува во одлуката Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија.