Бучковски: Овој парламентарен состав ќе го промени Уставот

Поранешниот премиер Владо Бучковски, кој беше и специјален претставник за Бугарија, во изјава за неделникот Фокус вели дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ отиде предалеку со, како што вели, манипулациите и фаталистичките прогнози за асимилација и бугаризација.

-На моменти имав впечаток дека сме во 2003 или во 2004 година, кога со груби манипулации и фаталистички прогнози за федерализација на Македонија го попречуваа имплементирањето на Охридскиот рамковен договор и носењето на новиот Закон за територијална организација на локалната самоуправа. Реално, сега и ним им е тешко да се вратат назад, ќе треба да помине време, година, година и половина – вели Бучковски.

Тој додава дека со истекот на овој временски период, потребен за да ја подготват излезната стратегија и да се заборават дел од нивните сегашни ставови и зборови, сегашната опозиција ќе поддржи уставни измени.

-Во вакви моменти треба да се потсетуваат нашите граѓани да не ги заборавиме фаталистичките прогнози околу т.н. Тиранска платформа и наводните закани за поделба на Македонија, кои во краен случај предизвикаа насилен упад во Парламентот и сериозен обид за физичка ликвидација на идниот премиер и уште дузина пратеници – вели Бучковски.

Според него, шансите за избори наесен се минимални, но, како што нагласува тој, се очекува во есента следната 2023 година ВМРО-ДПМНЕ да ја смени плочата пред отпочнувањето на процедурата за уставни измени.

-Овој парламентарен состав на заминување ќе ги направи измените на Уставот. Би било рационално ВМРО-ДПМНЕ пред изборите да си отвори простор за соработка со партиите на Албанците, но и да се претстави на меѓународниот фактор како одговорна, прозападна партија, која претендира да биде сериозна алтернатива на сегашната владејачка коалиција – вели Бучковски.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...