Бритни Спирс и Елтон Џон направија дует

Бритни Спирс и Елтон Џон снимија преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година. Како што пишува „Пејџ сикс“ тие ја снимиле траката минатата недела во студио во Беверли Хилс.

„Ова беше негова идеја и Бритни се сложи. Тие ја снимија обработката на легендарниот сингл ‘Tiny Dancer’ и тоа навистина звучи неверојатно. Работеа со продуцентот Ендру Ват”, изјави извор близок до музичарите.

Тој додаде дека Бритни се радува на големото враќање на сцената. Инаку, последниот сингл наречен „Slumber Party“ таа го објави 2016 година.

„Јуниверзал мјузик“ ќе ја објави песната следниот месец.

Инаку, списанието „Ролинг стон“ ја вклучи песната на Елтон меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња – на 47. место.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...