Богоев за „Мајски цвет“: Ако се утврдат неправилности треба да има санкции

Во текот на вчерашниот ден беше соопштено од опозицискиот пратеник Антонијо Милошоски, а подоцна и од актуелниот градоначалник на Карпош – Стевчо Јакимовски, дека паднал таванот на градинката „Мајски цвет“ во скопско Тафталиџе, која беше реновира во 2020 година.

Од Општина Карпош информираат дека е побарано увид од експерти при што биле констатирани недостатоци при изведбата на плафонот.

Според поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев објектот на градинката е граден врз основа на проект кој е завршен од предходното раководство на општината.

– Во мојот мандат се одвиваше градбата по предходно завршени процедури. Во текот на целата градба, но и на крајот има надзор кој е независен од фирмата што ја гради кој дава извештај за тоа дали е се во согласност со тендерската документација на проектот. Доколку општината, која сега си истражува интерно, утврди пропусти, повикувам да се реагира бидејќи се работи за деца, вели за „Локално“ Богоев, додавајќи дека откако е отворена градинката досега проблеми немало.

Тој појаснува дека градинката има скриени олуци на кровот кои не се видливи на фасадата сопред дизјанот, кои треба почесто да се одржуваат.

-Стојам на располгање за тоа што и како се случувало доколку е потребно. Ако се утврдат неправилност треба да има санкции до фирмата и надзорот, вели тој.

Градоначалникот Јакимовски соопшти дека побарал увид од експерти при што биле констатирани недостатоци при изведбата на плафонот.

„Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што шрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година“, рече Јакимовски.

Градоначалникот вели дека ќе побара ребаланс на буџетот за да се изврши санација и да бидат децата безбедни.

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе беше реновира во 2020, во периодот кога на чело на Општина Карпош беше Богоев. Изведувач на градежните работи е фирмата ДГПП „Инженеринг гроуп“ од село Желино, Тетово.

Тогаш од Општината информираа дека по неколкумесечна интензивна работа направена е реконструкција на сите тоалети, променети се прозорците и вратите, за да се подигне и енергетската ефикасност на градинката, но и да се намалат сметките за загревање за 30 отсто.

Б.М.

ПОСЛЕДНИ

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...

Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

1,1K Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци...