Бочварски во Делчево: За првпат нов пат за жителите на Tработивиште

Министерството за транспорт и врски во континуитет продолжува со реализација на програмата за изградба и модернизација на патната инфраструктура. Во општина Делчево вложуваме околу 790 илјади евра за рехабилитација на локални улици и патишта, кои се барање на жителите и приоритет за локалната самоуправа, истакна министерот Бочварски при денешната работна посета на општина Делчево.

Министерот и градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, извршија увид во изградба на локалниот пат кон населенето место Тработивиште.

„Со градоначалникот Трајковски се наоѓаме на увид во градежните активности на локалниот пат кон населеното место Тработивиште за кој вложуваме повеќе од 22 милиони денари. Oвој патен правец се асфалтира за прв пат. Вкупната должина изнесува 5,3 километри и со неговото асфалтирање значително ќе се подобрат условите за локално функционирање, ќе се зголеми безбедноста, а ќе се намали и времето за патување кон градот Делчево”, изјави министерот Бочварски.

Општина Делчево преку Проектот за поврзување со локални патишта до сега изврши реконструкција на улиците „Орце Николов“ и „Скопска“, а во овој момент се работи и на улицата „Острец“ која се наоѓа во градското јадро.

„Овој проект, покрај општествената одговорност, има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот. Денеска можам да истакнам дека жителите на Тработивиште и Разловци, покрај регионалниот пат, досегашната единствена сообраќајна врска за овие села, добиваат уште една патна алтернатива која значи поблиску до Делчево и поблиску до земјоделското земјиште. Патот е со вкупна должина од 5,3 километри, со ширина од 4 метри со банкини и соодветно направени одводни канали”, изјави Горан Трајковски, градоначалник на општина Делчево.

Министерот додаде дека во Мнистерството веќе се започнати постапките за избор на компании изведувач и надзор за реконструкција на дел од водоводната мрежа во Делчево за што се инвестира 23 милиони денари.

ПОСЛЕДНИ

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7ITренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на...

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IИако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно...