Безобѕирното возење во новиот Кривичен законик се смета за кривично дело

Aко возите под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, или возите под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори, или возите во забранет правец, претекнувате колона возила на непрегледно место или возите со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената, согласно новиот член 403 во предлог текстот на Кривичниот законик, ќе претставува безобѕирно управување со моторно возило и ќе се смета за кривично дело.

– Учесник во јавниот сообраќај безобѕирно кој не се придржува на прописите за безбедност во сообраќајот и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај управувајќи во состојба на неспособност на возење предизвикана со употреба на алкохол во концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, дроги, психотропни супстанции или прекурзори, возејќи во забранет правец, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која надминува 70 км на час над дозволената ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето ќе се казни со парична казна или затвор до три години, предвидува новиот членот 403 од предложениот Кривичен законик..

Од Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија за МИА појаснуваат дека дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело.

– Станува збор за кривична одговорност во наведените случаи дури и доколку нема директна штетна последица – предизвикана сообраќајна незгода. Со ова практично дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело, потенцираат од ЈО.

Оттаму велат дека доколку законот биде усвоен во предложената форма, Јавното обвинителство ќе ги применува новите законски решенија.

Дали овој нов член навистина ќе и послужи на целта и ќе придонесе за зголемување на свеста кај возачите во земјава се прашања за кои МИА побара одговор соговорници кои се надлежни за оваа проблематика.

Овој член е една од новините во предложениот Кривичен законик, кој веќе е објавен на ЕНЕР, а како што најави министерот за правда Никола Тупанчевски, по широката расправа за него, треба да биде донесен до крајот на годината.

Адвокатот Амар Ејуп вели дека најбитниот елемент во кривичните дела поврзани со јавниот сообраќај е доследната примена на членовите во законите од страна на сите инволвирани институции, како и побрз и поефикасен судски систем, кој ќе носи пресуди во разумно време.

– За мене во пракса најбитен елемент во овие кривични дела што се против јавниот сообраќај и безбедноста е доследната примена на членовите. И стариот член не дека беше толку неприменлив или лошо напишан, туку доследната примена од страна на МВР, од страна на сообраќајната полиција, увидната, како и доследната примена во однос на пенолошка гледна точка, односно видно од пенологијата, и претходниот член и сегашниот член предвидуваат исти казни, значи до три години затворска казна. Но по мое мислење треба да имаат превентивно дејствие, затоа што кога ќе се извршат ваквите кривични дела повеќе може да се избегнат, не со закана на високи казни туку со јавно информирање на луѓето дека јавниот сообраќај е средство, општо добро, а не дивеење – изјави за МИА адвокатот Амар Ејуп.

Според него, доследната примена на законот ќе доведе до повеќе резултати затоа што, како што посочува, има ситуации во кои со безобѕирно возење е повредено некое лице, а сторителот добива парична казна, додека во ситуации кога како резултат

ПОСЛЕДНИ

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...

Пресуда на Основен кривичен суд – Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето

1,1K Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци...