Бесими: Ребалансот обезбедува средства за справување со кризата

Ребалансот на Буџетот за 2022 година, кој го усвои Собранието, ги има предвид реалните економски состојби, содржи средства за амортизирање на ефектите од кризата, за одржување на динамиката на раст и овозможување фискална одржливост на среден рок, при тоа е важно дека е обезбедено и финасирањето како што е планирано во ребалансот и се бараат начини тоа да се направи на најоптимален начин, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Дневникот на ТВ 24, во кој потенцира дека со ребалансот се прави реструктуриање на расходната страна, но и приспособување на приходната страна со цел да се излезе во пресрет на потребите за поддршка на граѓаните и стопанството.

Според него, со ребалансот се направија промени онаму каде во првата половина од годината се реалоцираа средства за кризата.

-Така што без ребаланс на Буџетот се реализираа сите средства што беа предвидени за антиркизни мерки, потоа поддршка за потребите на ЕСМ со што граѓаните плаќаат само 20 % од цената на електричната енергија. Средства за зголемени пензии согласно новата методологија, за зголемената минимална плата во јавниот сектор, но и за субвенции за придонесите за исплата на зголемената минимална плата во приватниот сектор, како и други мерки кои беа преземени со цел да се помогне стопанството и граѓаните, но и за периодот што следи од 6 месеци, истакна Бесими.

За антиркизни мерки, министерот потенцира дека во посебна програма се предвидени 76 милиони евра или 4,7 милијарди денари, но дека средствата обезбедени за антиркизни мерки се повисоки.

Бесими додаде и дека средствата за финасирање на Ребалансот се обезбедени и ќе се реализираат како што е планирано со истиот. При тоа, како што нагласи, покрај за средства за кои се разговара со ММФ, се разговара и за други инструменти на финансирање како на домашниот, така и на меѓународните финансиски пазари.

 

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...