Бела Хадид направи бројни операции за да наликува на неа, а сега двете се сретнаа очи во очи

Бела Хадид и Карла Бруни се сретнаа на црвениот тепих на свеченото отворање на 74-от Кански филмски фестивал.

Бела Хадид, еден од водечките светски супермодели и поранешната манекенка Карла Бруни Саркози, позирајќи заедно уште еднаш покажаа колку навистина си личат, благодарение на пластичните операции.

Сепак, многумина мислат дека Карла се упропастила со пластичните операции, додека за Бела велат дека се разубавила, но како и да е, јавноста смета дека изгледаат како сестри близначки и би се рекло дека е сосема јасно кој на кого му бил пример.

Подолго време во медиумите се шпекулира дека Бела се оперирала токму по моделот на Карла, па неверојатната сличност меѓу нив две не е воопшто чудна.

Карла Бруни Саркози е поранешен француско-италијански модел, односно топ модел, пејачка и текстописец, но и сопруга на поранешниот француски претседател, Никола Саркози.

Италијанката своевремено ја красеше неверојатна убавина, но подлегна на бројните операции, ботокс и слично, поради што денес е видно изобличена.

Се зборуваше и дека го завела американскиот претседател Доналд Трамп, а медиумите често коментираат како неговата сегашна сопруга Меланија Трамп неодоливо личи на Карла.

Бела има 24 години и долго време е еден од најплатените супермодели во светот. Таа благодарение на операциите доби совршено, дијамантско лице, мачкини очи, мал нос и полни усни, а кариерата и ја обезбеди познатото семејно име. И покрај тоа, каде и да се појави, младата ѕвезда буди голем интерес, а поинаку не беше и во Кан, каде беше една од најдобро облечените на првата фестивалска вечер.

Дали и вие ја забележувате сличноста помеѓу нив две?

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...