Бектеши: Измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември.

Во делот на поддршката на микро и малите компании кои се на регулиран пазар веќе има одлука од РКЕ која важи до 31 декември. Измена на цените на регулираниот пазар нема да има до 31 декември. Со новата одлука на РКЕ согласно податоците што ќе ги дадат ЕСМ, МЕПСО и ЕВН дистрибуција за првите шест месеци од наредната година, тогаш РКЕ ќе излезе и ќе ги каже новите цени за регулираниот пазар, а ние ќе даваме инпут преку ЕСМ со намалување на цената на производство, со намалување на одредени барања на МЕПСО, рече Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање по средбата во Стопанската комора со 10-те компании најголеми потрошувачи на електрична енергија.

Како што истакна Бектеши, РКЕ треба да ги признава барањата што ги доставува ЕВН.

„Јас сум убеден дека некои од барањата нема да се прифатат“, додаде министерот.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...