Бебе почина во прифатен центар за баратели на азил во Холандија

Властите во Холандија ја истражуваат смртта на тримесечно бебе во најголемиот прифатен центар за баратели на азил во земјата, јавува Би-би-си.

Беше објавено дека бебето починало во средата наутро во „спортска сала што служи како засолниште“ во селото Тер Апел, на североистокот на земјата.

Во соопштението на холандскиот државен инспекторат за здравје и заштита на младите се наведува дека „за жал, укажаната медицинска помош не дала резултати“, а името, полот или националноста на бебето кое починало не се објавени.

Инспекторатот, исто така, објави дека ќе ги „истражи сите можни аспекти кои можеби имале влијание врз смртта на бебето“, наведува Би-би-си.

Ова треба да утврди дали медицинската нега можела да се пружи порано, нејзината општа достапност на оваа локација и условите за живеење во прифатниот центар.

Смртта на бебето доаѓа во време кога во Холандија има проблем со стотици баратели на азил кои спијат надвор од официјален прифатен центар, јавува Би-би-си.

Се вели дека ова делумно се должи на барањата кои не се обработуваат доволно брзо и барателите на азил не можат да се преселат додека постапката е во тек, додека моменталниот недостиг на капацитети за прием низ целата земја, пренесе Блиц.рс.

ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...