Бајден и првата дама на САД и оддаоа почит на кралицата Елизабета Втора

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден денес и оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора, придружувајќи им се на светските лидери, на кралското семејство и на малата група поканети гости на раскошната погребна церемонија во Лондон.

Претставници на Белата куќа изјавија за Гласот на Америка пред погребот на кралицата дека силните врски на Вашингтон со Лондон ќе продолжат и по неодамнешната промена во раководството – во кое се вклучени новиот крал Чарлс Трети и новата премиерка Лиз Трас. Бајден ќе се сретне со Трас во среда во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Уверени сме дека на чело со кралот Чарлс и со премиерката Трас, специјалните односи меѓу Соединетите Држави и Велика Британија ќе опстојат, воопшто не сме загрижени за тоа“, изјави за Гласот на Америка директорот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Во неделата, Бајден и неговата сопруга и оддадоа почит на кралицата во Вестминстерската сала, каде што десетици илјади луѓе чекаа со часови да минат покрај нејзиниот обвиен ковчег, кој исто така ја носеше и царската државна круна со масивниот, блескав дијамант Ѕвезда на Африка, камен од 530 карати што ѝ бил даден од тогашната колонија Јужна Африка, во 1907 година.

Во неделата, Бајденс потпишаа и книги на жалост, а претседателот ја пофали кралицата за нејзиното наследство на несебична должност.

„Мислам дека она што ни го даде е чувството за, можеби пред сè, идејата за услуга, дека сите ние нешто должиме“, рече тој. „Има нешто во рамките на нашиот капацитет што може да ги направи работите – не само светот – подобри, туку и вашето соседство подобро, вашето домаќинство подобро, вашето работно место подобро“.

Кралот, исто така, приреди официјален државен прием за достоинственици во неделата, на кој присуствуваше и Бајден.

На погребот не се поканети лидерите на Русија, Белорусија, Сирија и Авганистан или Венецуела.

Елизабета ќе биде погребана приватно подоцна во понеделник во капелата Свети Џорџ во рамките на замокот Виндзор, покрај нејзиниот 99-годишен сопруг, принцот Филип.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...