АСЕАН: Ситуацијата во Тајван може да доведе до отворен конфликт

Ситуацијата во Тајван може да доведе погрешни пресметки, сериозна конфронтација, отворени конфликти и непредвидливи последици за големите сили, предупредија денеска министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) од средбата во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

– На светот итно му е потребна мудрост и чувство на одговорност од страна на сите шефови на држави за поддршка на мултилатерализмот и мирниот соживот, се наведува во соопштението на АСЕАН.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска во Пном Пен ќе се сретне со претставниците на АСЕАН, како и со американскиот колега Ентони Блинкен.

Кинеската армија денеска ги почнаа најголемите воени вежби во нивната историја околу Тајван, по 24-часовната посета на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван.

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека во текот на ноќта неидентификувани авиони, најверојатно беспилотни летала, прелетале над регионот на островите Кинмен. /MИА/.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...