Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација на луѓето на островот Хокаидо и го прекинаа железничкиот сообраќај во тој дел од земјата, јапонското Министерство за одбрана нареди борбените авиони Ф15. да полетаат за да ги пронајдат остатоците од проектилот, пренесуваат локалните медиуми.

Откако утринава добил дојава за лансирање, министерот за одбрана наредил да се пребара теренот.

Според информациите, Северна Кореја ја лансирала ракетата во 7:22 часот по локално време. Се верува дека проектилот ја прелетал префектурата Аомори и паднал во Пацификот околу 7:44 часот.

Веднаш е испратена порака до граѓаните да се евакуираат и да се повлечат во прифатилиштата.

– Северна Кореја лансираше ракета. Ве молиме евакуирајте се во згради или подземни премини, се вели во пораката на јапонската влада објавена во 7:29 часот по Токио.

– Ова е сериозна и непосредна закана за безбедноста на нашата земја. Ова ги загрозува мирот и безбедноста на регионот и меѓународната заедница и претставува сериозна закана за целата меѓународна заедница. Тоа е предизвик – рече главниот секретар на кабинетот на премиерот, нагласувајќи дека јапонската влада упатила силен протест против Северна Кореја преку нејзината амбасада во Пекинг,пренесе Телеграф.рс.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...