„Анплагд“ настап во живо на Били Ајлиш во Соработка со Telekom Electronic Beats

На 1-ви јуни, добитничката на Греми и Оскар, Били Ајлиш, приреди незаборавно шоу како дел од турнејата Telekom Electronic Beats.

Пред официјалниот почеток на нејзината европска турнеја, 20-годишната изведувачка одржа ексклузивен настап во салата Телеком Форум во Бон, заедно со нејзиниот брат FINNEAS. Двајцата изведоа специјално акустично шоу пред околу 1.900 восхитени обожаватели.

Оние обожаватели коишто не можеа да бидат таму сега имаат можност да го доживеат концертот на eb.tv, YouTube каналот на Telekom Electronic Beats и MagentaMusik. Македонските фанови ќе може да го видат концертот на MaxTV видеотека.

Незаборавното шоу, коешто траеше околу 55 минути, ја поведе публиката низ двата прославени албуми „WHEN WE ALL FALL ASLEEP, WHERE DO WE GO?“ и „Happier than ever“. Придружувана од својот брат FINNEAS, Ајлиш претстави соголена верзија од своите светски хитови како „Ocean Eyes“, „Bad Guy“ и „Happier than ever“.

За Улрих Кленке, Главен директор за бренд во Дојче Телеком, настапот во живо е круна на соработката со Били Ајлиш: „Концертот произлезе од нашите иницијативи со уметницата за „What We Do Next“ и „Futureproof“. Били ги инспирира младите да тргнат по нови патишта на иднината. Вечерашниот концерт уште еднаш докажа: Големите нешта се создаваат преку заемни искуства. Како меѓународна музичка платформа, Telekom Electronic Beats сака да продолжи да се развива во оваа насока“.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...