Анкета на ИПСОС: ДУИ три пати поголема доверба од Алијанса и Беса, ВМРО со рејтинг од 19%, а СДСМ со 9 %

Резултатите од најновата анкета на ИПСОС спроведена за потребите на опозициската партија, покажуваат дека ДУИ  се со три пати поголема доверба од Алијанса за Албанците и Беса, во албанскиот политички блок, додека победа на следните избори би имале ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг од 19%, СДСМ е со рејтинг од 9 % .

За ДУИ би гласале 6 % од анкетираните, додека 2% за Алијанса за Албанците и по 1% за Алтернатива, БЕСА и ДПА.

-Својот глас на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 19 проценти од анкетираните, додека 9 проценти би гласале за СДСМ, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.

Левица на анкетата има 5 % од гласовите.

Од лидерите на политичките партии највисок рејтинг има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски според резултатите од анкетата.

На прашањето да ја оценат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните дале висока оценка за Мицкоски.

Неговата работа е оценета со 7, додека премиерот Димитар Ковачевски од граѓаните добил оцена 4. Со тројка е оценета работата на Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Анкетата била спроведена од 2 до 21 септември на 1025 испитаници.

ПОСЛЕДНИ

Официјално: Малдини го напушти Милан

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusТоа што се најавуваше сега доби официјална потврда, Паоло Малдини и Милан се разделија.Италијанскиот клуб со официјално соопштение...

Јувентус ги информирал Реал и Барса дека излегува од Суперлигата

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusОд Јувентус испратиле писмо до Реал Мадрид и Барселона со кое ги информираат двата клуба дека „бјанконерите“ стартувале...

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusАнхел ди Марија официјално го потврди заминувањето на Јувентус, после само една година.Ди Марија сезонава во Серија А...

Топ 10 најголеми фудбалски дербија 🎥

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=u6Zl0WYIHusА што се смета за дерби натпревар ? Локација! Многу дербиња се меѓу локалните ривали. Ова им олеснува...