Американскиот Сенат одобри поттикнување на производството на микрочипови

Сенатот на САД го поддржа нацрт-законот за субвенционирање на производството на полупроводници, надевајќи се дека тоа ќе ја зајакне конкурентноста на американските компании во однос на Кина.

Предлогот доаѓа во време кога економијата на САД се соочува со постојан недостиг на микрочипови, што влијае на широк опсег на производствени сектори, од автомобилската индустрија и индустријата за оружје до производството на машини за перење и видеоигри.

Долгоочекуваниот нацрт-закон се очекува да биде изгласан денеска во Претставничкиот дом, откако беше поддржан од Сенатот со 64 гласови од двете партии. Доколку Долниот исто така го усвои предлогот, претседателот Џо Бајден најверојатно ќе го потпише на почетокот на следната недела и тој официјално ќе стапи во сила.

Нацрт-законот обезбедува околу 52 милијарди долари владини субвенции за производство на полупроводници, како и 24 милијарди долари во кредити за инвестиции за фабриките за микрочипови.

Предвидено е да бидат одвоени повеќе од 170 милијарди долари во следните пет години за поддршка на американските истражувања за зголемување на конкурентноста на земјата наспроти Кина.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...