Американската кошаркарка Бритни Грајнер рускиот суд ја осуди на 9 години затвор, остри реакции од САД

Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска пред рускиот суд во Химки е осудена на девет години затвор поради поседување и шверц на дрога.

Судот ја прогласи обвинетата за виновна за илегално поседување и трговија со значителна количина дрога“ изјави судијката Ана Сотникова. Судијката рече дека обвиненијата за поседување и трговија со дрога се докажани на судењето и оти времето поминато во притвор ќе се пресмета во казната на Грајнер.

Грајнер во притвор е од 17 февруари, кога беше приведена на руски аеродром откако властите во нејзиниот багаж пронајдоа помалку од еден грам хашиш-масло. Грајнер, исто така, е казнета и парично, во износ од еден  милион рубљи, што е приближно 16.300 долари.

Претходно денеска руското обвинителство побара затворска казна од девет и пол години, додека одбраната побара ослободување.

Сопругата на Грајнер, кошаркарките од нејзиниот тим, соиграчките од ВНБА, како и спортисти од сите спортови, веднаш упатија остри реакции и побараа нејзино ослободување.

Реакција веднаш дојде и од американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека пресудата на рускиот суд е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

„Денеска, американската државјанка Бритни Грајнер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата.

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Грајнер, „за да може да биде со партнерката, саканите, пријателите и соиграчите“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така упати критики по повод пресудата и рече дека тоа „дополнително ја зголемува неправдата од нејзиниот незаконски притвор“ и ја зголемува американската загриженост за „рускиот правен систем и употребата на погрешни притвори од страна на руската влада заради унапредување на својата сопствена агенда, користејќи поединци како политички пиони“.

Правникот тим на 31-годишната кошаркарка најави дека ќе се жали на пресудата, истакнувајќи дека Судот ги игборирал сите докази што тие ги доставиле.

„Многу сме разочарани од пресудата. Како правни професионалци, сметаме дека судот треба да биде праведен кон сите без разлика на националноста. Судот целосно ги игнорираше сите докази на одбраната и што е најважно признавањето на вината“, се вели во соопштението.

„Ова е во спротивност со постојната правна практика. Имајќи ја предвид количината на супстанцата (да не зборуваме за недостатоците при експертизата) и изјаснувањето, пресудата е апсолутно неразумна. Сигурно ќе поднесеме жалба“, додаваат тие. /МИА/

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...