Американската амбасада за случајот Рускоска-Муареми: Ова е прашање за надлежните органи

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Рускоска упатено до странски амбасади и меѓународни организации.

„Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат“,се наведува во одговорот на Амбасадата на САД.

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), вчера ги повика институциите, но и странските амбасади, Делегацијата на Европската Унија, како и европската обвинителка Лаура Ковеси да реагираат по, како што вели, притисокот врз неа и обвинителството од директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Ваквиот повик на Рускоска дојде по брифингот со новинари што го одржа Муареми, а на кој најави дека ќе поднесе кривични пријави против Рускоска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, по претресот во просториите на Управата.

По ова, продолжија јавните прозивки и обвинувања меѓу Муареми и Рускоска. Директорот на финансиската полиција ѝ одговори на обвинителката дека одговорност за нејзиното самоволие мора да има.

Претресот во Управата за финансиска полиција беше извршен на 18 јули. Тогаш од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со кое раководи Русковска, само кратко потврдија дека вршат претрес и оти станува збор за предмет оформен по пријава од граѓани.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...