Легендарниот англиски фудбалер, Гери Линекер после вчерашниот настап на Ерлинг Халанд во кој поистигна хет-трик истакна дека Норвежанецот може да ги сруши сите рекорди во Премиер лигата.




Халанд втор натпревар во низа постигна хет-трик и веќе стигна до бројката од девет гола во Премиер лигата на пет натпревари.




„Ако Халанд вака продолжи ќе ги сруши рекордите на Ширер и Кејн“, порача Линекер преку социјалните мрежи.




Хари Кејн од Тотенхем има 187 гола со што е на третото место во историјата на најдобри стрелци во Премиер лигата, на врвот е Ширер со 260 гола.




Коментари