Јаин: Реформите се клучот за одење напред кон евроинтеграциите

Геополитичката реалност донесе нови предизвици. Меѓутоа, задачите мора да се исполнат, истакна шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Јаин, претставувајќи ги приоритетите на шведското претседателство со Советот на ЕУ пред Националниот совет за евроинтеграции во македонското Собрание.

Шведската амбасадорка порача дека реформите се клучот за одење напред кон европската интеграција.

„Европската Унија е Унија што се заснова врз вредности, почитување на владеењето на правото и индивидуалните права. Реформите во владеењето на правото, фундаменталните права и судскиот систем, како и силната заложба за борба против организираниот криминал и корупцијата, претставуваат клуч за одење напред кон европската интеграција“, рече Ларсон Јаин.

Следниот период нè чека интензивна трансформација на македонското општество, подготовка на Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, завршување на скрининг процесот, Извештаи од истиот, поединечно за секој Кластер, што ќе бидат основа за ревизија на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и креирање на приоритети во спроведувањето на истата, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Имаме доволно време и простор успешно да ги завршиме уставните измени, за задржување на динамиката на процесот на преговори и избегнување ново вето, овој пат од наш политички фактор, повторно чекање и ставање на државата во ќорсокак и неизвесност“, порача Маричиќ.

Тој изрази очекување „сите да се на ниво на својата задача, а најмногу, институциите и од Собранието, да преземат одговорност и да покажат проактивност, за брзо и темелно спроведување на европската реформска агенда“.

Маричиќ повтори дека една од главните цели на шведското претседателство е завршување на преговорите за климатскиот пакет „Подготвени за 55 проценти”.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, рече дека 2023 година ќе биде решавачка за ЕУ, за Западен Балкан и за Македонија.

„Живееме во историски времиња со целата болка, со сите тие тешки моменти што ни се случуваат. Но, исто така има и еден силен порив за одлучност за да се движиме напред. Се сеќавате на извештајот од минатата есен што го разгледувавме токму во овој законодавен дом, а што дава јасни насоки. Од клучна и највисока важност е владеењето на правото. Ова беше особен фокус и загриженост од страна на граѓаните минатата година. ЕУ, земјите членки и други држави партнери потрошија милиони во овој сектор така што праведно е да се очекува да има и одредени резултати. Северна Македонија има потреба од професионален и од независен правосуден сектор вклучително и обвинителство. Луѓе коишто делуваат со интегритет ослободени од политички притисок или финансиски поттик. Главен приоритет треба да биде и борбата против организираниот криминал и корупција. Таа борба треба да има дополнителна енергија бидејќи ЕУ од блиску ќе го следи развојот на настаните во овој дел – во делот темелници од првиот до последниот дел од преговарачакиот процес. Владата секако го води тој процес, но и Парламентот е во срцевината”, истакна Гир.

Тој нагласи дека опозицијата истовремено треба да ја одигра својата улога во ревидирање на политиките и осигурување на конзистентност на законските текстови со европското законодавство.

А претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски кој доаѓа токму од опозицијата, изрази загриженост за како што рече, најновите одлуки на одредени земји членки на ЕУ, пред сѐ мислејќи на Германија.

„Тие силно ја либерализираат политиката за издавање на сопствени државјанства, што мислам дека дополнително ќе иницира процес на иселување не само од Македонија туку од целиот регион. И регионот заглавен во оваа идеја за проширување и во желбата за напредок, наместо да напредува станува добар извозник на едуцирана работна сила. Тоа е предизвик со кој што ќе се соочува и Македонија и регионот во периодот кој што доаѓа“, рече тој.

Тој се осврна, како што рече, на дополнителните услови кои што секогаш и се поставуваат на земјава во однос на членството во ЕУ.

„Втората работа која што сакам да ја споменам, ја знаеме сите добро и е во однос на дополнителните услови кои што секогаш и се поставуваат на Македонија, дали тука зборуваме за промената на името, дали тука зборуваме за условувањето од страна на Бугарија, постои чувство дека тоа е еден процес кој што никогаш не прекинува. Ќе употребам една паралела и ако не е целосно соодветна, Шведска се обидува да стане членка на НАТО и има условување од страна на една друга земја членка на НАТО алијансата, а тоа е во случајот Турција. И мислам дека премиерот на Шведска имаше една многу корисна изјава деновиве кога кажа има работи кои што можат да ги направат, но има работи кои што не можат да ги направат затоа што се спротивни на нивните вредности“, рече Николоски.

Пристапувањето кон ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и ги поттикнуваме народните избраници да постапуваат во интерес на граѓаните и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои што ќе го отворат пристапниот пат кон Европската Унија, порача денеска амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи после претставувањето на приеоритетите на македонското претседавање со Јадранската повелба.

Еден од главните предизвици што ја очекува Македонија годинава е процесот на евроинтеграција што, покрај скринингот, реформите, справувањето со корупцијата, носењето на законите и енергетската криза, ќе значи и измена на Уставот и Преамбулата на Уставот. Не се знае кога Владата ќе донесе одлука за почеток на постапката за менување на Уставот, но за да се стаса до завршувањето на скринингот во ноември потребно е тој да почне на почетокот на годинава. Дали ќе има поддршка за уставни измени, кои што произлегоа од францускиот предлог предизвикан од преговорите со Бугарија, зависи најмногу од обезбедување двотретинско мнозинство, 80 гласови во Парламентот.

ПОСЛЕДНИ

Пред седум години излезе како маскота со Серхио Рамос, денес ќе игра против него🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЛамин Јамал е последниот голем талент кој излезе од познатата академија на Барселона,...

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQЕкипата на Ал Наср со 1:2 победи против Ал Тае во Сауиската лига, а херој беше...

Груби: Владата преку обврзници им помага на општина Тетово и Желино да ги подмират неплатените обврски

Владата на Република Северна Македонија преку финансискиот инструмент- структурни обврзници издадени од страна на Министерството за финансии ќе им помогне на општините Тетово и...

Проблем за Тен Хаг, Манчестер Јунајтед остана без двајца дефанзивци

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQДефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез и Серхио Регилон се здобија со повреди...