Ахмети во одбрана на Груби: ДУИ може и без мене, и без Блерим Беџети, Муса Џафери и Изет Меџити

Претседателот на  Демокартската унија за интеграција,  Али Ахмети, коментирајќи го вчерашнато писмо потпишано од високи сегашни и поранешни функционери во кое се искажува незадоволство од Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, рече дека партијата има воспоставено стабилни структури со силна база, кои можат да функционираат дури и без него.

„Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, истакна Ахмети.

Според Ахмети, ова не е нешто ново и внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој инсистирал веќе 20 години.

„Не е местото каде што треба да влезам и да ги елаборирам моите спомени од 20-годишното владеење со ДУИ, бидејќи имало моменти на незадоволство и секогаш имало дебати и, пред сè, тоа е вредност на која јас инсистирав 20 години по ред, работите да се кажуваат отворено, јавноста да знае отворено за позициите на спротивставените мислења“, вели Ахмети.
ПОСЛЕДНИ

Американците обезбедија „Гепарди“ – самоодни противвоздушни системи што итно ѝ се потребни на Украина

Американската војска и додели на компанија со седиште во Флорида договор вреден нешто повеќе од 118 милиони долари за снабдување на украинската војска дополнителни...

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција,...

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа...

Османи и Агелер со заедничко видеообраќање за годишнината од стратешкиот дијалог: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

Како стратешки партнери ни претстојат бројни активности со цел адресирање на предизвиците на земјава како што е натамошното зајакнување на нашиот автентичен модел на...