Адеми: Максимално сме фокусирани на реализација на програмските определби на ова парламентарно мнозинство

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми вели дека во органите на оваа партија воопшто не била отворена темата за реконструкција на Владата. Тој во интервју за весникот ЛАЈМ рече дека пратениците на ДУИ и даваат целосна поддршка на актуелната Влада.

„Опозицијата веќе знае дека господинот Милески ќе поднесе оставка од функцијата министер, додека ние од Демократската унија за интеграција, на ниту еден партиски форум, во ниту еден момент и во ниту една ситуација не сме разговарале за било каква реконструкција на Владата. И како политичка партија, врз основа на атмосферата што владее во ДУИ, но и како пратеничка група на ДУИ овде во Собранието, даваме целосна поддршка на Владата. Сметаме дека сегашниот состав на Владата си ја врши работата како што треба, и тие и ние овде во Собранието сме максимално фокусирани на реализација на програмските определби на ова парламентарно мнозинство. Така што , тоа што им го ветивме на граѓаните се реализира. Многу работи се направени, не чека многу работа и мислиме дека со оваа структура во Владата и Собранието ќе ги унапредиме овие програмски определби“, изјави Адеми за весникот ЛАЈМ.

ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...